Zoom ќе има end-to-end енкрипција за состаноци од 19 октомври

Објавено на 16.10.2020 во Новости



Zoom ќе има end-to-end енкрипција за состаноци од 19 октомври

Zoom официјално објави дека end-to-end encryption (E2EE) ќе има како опција за корисниците што не плаќаат и што плаќаат претплата на Zoom од 19 октомври. Новата сигурносна алатка ќе биде тестирана во неколку држави во првите 30 дена, со тоа што Zoom ќе биде отворен за фидбекот на корисникот за време на тој период.

Целта на E2EE е да се подобри корисничкото искуство за состаноци, со тоа што се генерираат посебни симболи за состаноците директно во машината на коринсикот, а не преку серверите на Zoom. Тие симболи ќе бидат енкриптирани кога ќе минуваат шифрирани кога ќе се пренесуваат преку серверите на компанијата, за да не може ниту вработените на Zoom да ги видат.