Sony Xperia 5 II веќе е достапен за европските купувачи

Објавено на 16.10.2020 во Новости



Sony Xperia 5 II веќе е достапен за европските купувачи

Sony Xperia 5 II како најнов адут на јапонскиот бренд веќе е достапен за европските купувачи и се најде во продажба преку повеќе онлај канали за електроника. 

Станува збор за убаво дизајниран смартфон со целосна стаклена површина, заоблени агли и испакнати физички копчиња од страните за регулација на звук и вклучување/заклучување, како и страничен скенер за отпечатоци.

Sony Xperia 5 II располага со 6,1 инчен OLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2520 пиксели, работи со премиум процесорот со осум-јадра Snapdragon 865, има избор на меморија од 128 и 256 GB како и 8 GB RAM, тројна главна камера со примарен сензор од 12 мегапиксели, 8 мегапикселна селфи камера, батерија со капацитет од 4000 mAh и брзо полнење од 21W.

Овој смартфон на европскиот пазар ќе чини до 900 евра.

Автор: Aleksandar Stankov