Навистина ли зрачат смартфоните или не?

Објавено на 16.10.2020 во Новости



Навистина ли зрачат смартфоните или не?

Смартфоните можеме да ги дефинираме како еден вид на софистицирани радија, кои може да имаат штетни последици кај човекот. Антените се факторот што го зголемува зрачењето кај мобилните уреди.

Имено, колку поблиска е антената до нашето тело, толку повеќе сме изложени кон зрачење. Кога ќе го тргнеме телефонот, зрачењето се намалува. Кога има послаб сигнал телефонот, тогаш троши повеќе енергија и така се зголемува зрачењето. Истражувањата за наштетување на здравјето на човекот од зрачењето на телефонот, се уште немаат цврсти докази дека значително се нарушува здравјето.