iPhone 12 според тестовите има побавен процесор од iPhone 11

Објавено на 16.10.2020 во Новости



iPhone 12 според тестовите има побавен процесор од iPhone 11

Синтетичките бенчмарк тестови откриваат нови проблеми за последната генерација на iPhone 12 смартфони кои дури имаат побавни перформанси на процесорот во споредба со ланскиот модел iPhone 11. 

На сајтот Antutu се гледа дека А14 Bionic процесорот е „успорен“ односно во делот за GPU има послаби резултати споредено со iPhone 11 кој работи со А13 процесорот иако според архитектурата со 5nm треба да покаже за 5% подобри достигнувања.

iPhone 12 иако има идентичен процесор со iPad Air за да не троши премногу енергија има ограничување на работата на чипсетот па така употребата на новата 5nm технологија комбинирана со слабиот развој на капацитетот на батеријата не носи никакви подобри перформанси иако овие модели се доста скапи и ги држат стандардните цени од 800 до 1000 долари, додека пак Pro моделите се уште поскапи. 





Прочитајте повеќе: