Три години стариот Samsung Galaxy Note 9 стигна до OneUI 2.5 надградбата
Објавено на 16.10.2020 во Новости
Samsung Galaxy Note 9 иако е стар веќе три години тоа не го спречува да добива барем уште овој период редовни софтверски надградби што е одличен показател за долгорочната корисничка поддршка.
Фаблетот Samsung Galaxy Note 9 стигна до надградбата на корисничкиот интерфејс OneUI 2.5 со која добива неколку новитети кои претходно можевме да ги видиме и кај најновиот фаблет Samsung Galaxy Note 20, особено во делот на перформансите на камерата и подобрувања на самата стабилност на уредот.
Samsung Galaxy Note 9 сега има поддршка за безжично DeX поврзување за претворање до десктоп работна станица, поделен екран при приказ на виртуелната тастатура, како и нови функции при снимање на видеа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.