Карл Пеи го напушта OnePlus по 7 години

Објавено на 17.10.2020 во Новости



Карл Пеи го напушта OnePlus по 7 години

Карл Пеи еден од основачите на брендот OnePlus по седум години откако ја стартуваше компанијата и беше еден од директорите реши да се повлече целосно од функциите.

Карл во 2013 со Пит Лау и двајцата интернет претприемачи го формираа OnePlus како flagship killer бренд, со модели кои припаѓаат на премиум класата, а имаат многу ниски цени. 

Тоа создаде голема фама околу брендот, но потоа цените ги качија прилично високо.