Свиркајте си и најдете си ја песната на Google

Објавено на 17.10.2020 во Новости



Свиркајте си и најдете си ја песната на Google

Google оди чекор понапред во обидот да го неутрализира целосно популарниот сервис за пронаоѓање песни Shazam со нивната нова услуга за корисниците која е уникатна.

Наместо да го вклучите звучникот за препознавање, доколку некоја песна ви се мота во глава, сте ја слушнале на радио или во кафе бар, сега ќе може да најдете преку Google како се вика и од кој автор е само со нејзино потпевнување. 

Може и да си потсвирнувате со цел подобро да ја претставите мелодијата на самата песна, а вештачката интелигенција на Google ќе се обиде да ја пронајде преку Search. Напредокот на вештачката интелигенција и невралната мрежа која ја гради Google се повеќе изгледа воодушевувачка, но истовремено и застрашувачка. 

Автор: Aleksandar Stankov