Samsung Galaxy S21 доаѓа многу рано, уште во јануари?

Објавено на 17.10.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 доаѓа многу рано, уште во јануари?

Голем број на засега непотврдени информации говорат дека Samsung ќе ги помести роковите за претставување на следната генерација на Samsung Galaxy S21 премиум смартфони кои би дошле многу порано од вообичаено.

Се претпоставува дека презентацијата на Samsung Galaxy S21 ќе се одржи во јануари следната година, а во продажба ќе се најде на почетокот на февруари 2021.

Главната причина за поместување на датумот за Samsung Galaxy S21 е тоа што треба да се направи простор и за лансирањето на новата генерација на Samsung Galaxy Fold со двоен екран на преклоп, а подоцна и за фаблетот Samsung Galaxy Note 21.