Samsung и натаму на врвот со најпродавани смартфони

Објавено на 18.10.2020 во Новости



Samsung и натаму на врвот со најпродавани смартфони

Samsung и во услови на пандемија, тримесечен карантин и поместувања во глобалните односи и натаму е прв бренд според бројот на продадени смартфони, па дури и за нијанса ја подобрил позицијата во однос на конкуренцијата.

 

Samsung го зголемил пазарното учество во август споредено со позицијата во април годинава со вкупно 22% од продадените смартфон, мал пад има Huawei сега со 16%, трет е Apple со 12%  и Xiaomi со 11% е последен од популарните брендови со двоцифрен број на учество на пазарот.

Останатите брендови заземаат под 40% од пазарот на смартфони и се далеку за овие четири брендови.