Samsung Galaxy S21 5G е повисок и со поинаков модул за задните камери

Објавено на 18.10.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 5G е повисок и со поинаков модул за задните камери

Стив Хермерстофер ги објави првите рендери за следната генерација на предводници на Samsung Galaxy S21. Стандардниот Galaxy S21 5G модел излезе во јавноста, кој располага со целосно нов дизајн во сегментот на камерата, што креира уникатен изглед.

Samsung го заменил задниот црн модул на испакнатата камера на Galaxy S20 со исто така, но овој пат се вклопува со бојата на телефонот. Секој индивидуален сензор е посебен, со заоблена метална рамка. Samsung вградил три задни камери во Galaxy S21. Предниот дисплеј се очекува да биде со 6.2-инчи големина со punch-hole за селфи камерата. Galaxy S21 и Galaxy S20 се речиси иста големина. Двата модела се високи 151.7мм и 7.9мм дебели, без испакнатината за камерата, само што Galaxy S21 е широк 71.2мм, додека Galaxy S20 беше само 69.1мм.