Huawei Mate 40 Pro Plus пристигнува наскоро со 6 задни камери

Објавено на 18.10.2020 во Новости



Huawei Mate 40 Pro Plus пристигнува наскоро со 6 задни камери

На 22 октомври Huawei ќе ја претстави Mate 40 серијата - Mate 40, Mate 40 Pro, и Mate 40 Pro Plus. Сите модели ќе бидат со Kirin 9000 процесори, изработени со 5нм процес на производство од тајванската компанија TSMC. Првиот чипсет со 5нм за годинава беше Apple процесорот, A14 Bionic. 

Двата чипа имаат милијарди транзистори во споредба со нивните претходници, кои помагаат за подобрени перформанси на телефоните, а трошат малку енергија. Mate 40 Pro Plus ќе биде поскап модел во споредба со другите два модела, со 6.76-инчен (Waterfall) дисплеј со 90Hz. Ќе биде со Android 10 прединсталиран софтвер со EMUI 11 кориснички интерфејс, сензор за отпечатоци вграден во дисплејот, 8GB RAM + 256GB UFS 3.1 меморија. 

Во Кина ќе има и варијанта со 12GB меморија. Европската верзија ќе биде со 4400mAh батерија и нов SuperCharge AC адаптер што се конектира преку USB Type-C порт, што овозможува полнење до 65 вати. Mate 40 Pro Plus ќе биде со шест задни камери од задната страна и двојна селфи камера.

Автор: Aleksandar Stankov