Првите Apple Mac со ARM доаѓаат наскоро

Објавено на 18.10.2020 во Новости



Првите Apple Mac со ARM доаѓаат наскоро

Apple дефинитивно ја раскинува врската со долгогодишниот партнер Intel од кого повеќе нема да очекува соработка за производство на процесорите потребни за нивните лаптопи од Macbook серијата.

Веќе на 17 ноември се очекува да се одржи првиот голем настан на кој ќе биде претставен нов Apple Mac Mini со 12 инчен дисплеј, а кој ќе работи со ARM дизајниран процесор. 

Исто така во наредните години Apple ќе продолжи да ги развива сопствените А процесори кои ќе бидат целосно нивно решение, а се очекува да бидат склопени само во фабриките на TSMC што значи дека повеќе нема да гледаме нивни уреди со Intel процесори.