Honor 10X Lite ќе биде одличен смартфон со ниска цена

Објавено на 19.10.2020 во Новости



Honor 10X Lite ќе биде одличен смартфон со ниска цена

Honor DNN-LX9 моделот се појави на интернет со слики, за кого аналитичарите сметаат дека ќе биде познат под името Honor 10X Lite. Дизајнот на Honor 10X Lite од предната страна ќе има засек, а на задната страна правоаголен модул за четирите камери.

10X Lite ќе биде со 6.67-инчен FHD+ LCD екран, сензорот за отпечатоци е странично лоциран, додека задната камера е составена од 48MP+8MP(ултраширок сензор)+2MP(макро сензор)+2MP(сензор за длабочина).

Под хауба имаме Kirin 710A процесор, 4GB RAM + 128GB меморија, батерија со капацитет од 5000mAh и технологија за брзо полнење од 22.5W. Honor 10X Lite ќе има Magic UI 3.1 кориснички интерфејс, базиран на Android 10. Неговата цена би била околу 200 евра.