Ова е идниот Samsung Galaxy S21 Ultra 5G со неговата камера

Објавено на 19.10.2020 во Новости



Ова е идниот Samsung Galaxy S21 Ultra 5G со неговата камера

Стив Хемерстофер објави видео рендер со идниот предводник на Samsung и може да го погледнете во агол од 360 степени. Макс Вејнбах сподели неколку детали за камера сетапот на Galaxy S21 Ultra уште од порано.

Од Samsung Galaxy S21 Ultra се очекува да има од се уште необјавениот Qualcomm Snapdragon 875 процесор во Европа, додека во Европа ќе биде со Exynos 1000 или 2100, 12GB RAM со 128GB меморија, поддршка за MicroSD картичка, Android 11 и One UI 3.0. 

Сето тоа ќе биде зачинето со 6.9-инчен заоблен AMOLED дисплеј, батерија од 5,000mAh, 5G модем, четири задни камери со LED блиц. Макс Вејнбах тврди дека е можно да биде главниот сензор од 108MP. Samsung веројатно ќе пушти цена од $1,299 за Galaxy S21 Ultra во САД.