Која боја на iPhone 12 Pro е најсензационална?
Објавено на 19.10.2020 во Новости
Поради пандемијата се промени и распоредот со датите за испорака на најновите iPhone модели. Apple одлучи прво да ги лансира iPhone 12 и iPhone 12 Pro, а преднарачките за двата модела излегоа пред некој ден.
iPhone 12 Pro требаше да излезе на 23 октомври, но сега е презакажан за ноември. Новата пацифичо-сина боја е најпопуларната боја за iPhone 12 Pro, за што очигледно ќе се исплати да се почека. Бесплатната испорака за трите варијанти од 128GB, 256GB и 512GB се преместени за 4 ноември до 9 ноември. Најпопуларната меморија била 128GB.
iPhone 12 Pro од 128GB чини $999, 256GB е $1,099 и 512GB е $1,299. Кај iPhone 12, зелената боја е најпопуларна со 64GB, 128GB, и 256GB меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.