До 12 месеци HBO GO содржини со Samsung UHD телевизорите

Објавено на 19.10.2020 во Новости



До 12 месеци HBO GO содржини со Samsung UHD телевизорите

Гледаноста на телевизијата порасна оваа година насекаде низ светот, додека сервисите за стримање забележаа раст на користењето во околности кога гледачите повеќе време поминуваат во своите домови, а домашната забава го презема приматот во слободно време. 

За да им пружи незаборавно искуство на забава на граѓаните, компанијата Samsung за секој купен Samsung UHD телевизор во период од 12 октомври до 22 ноември, ќе врачи подарок ваучер за користење на HBO GO услугите. Купувачите на Samsung UHD телевизорите од 75 инчи и повеќе, ги очекува дванаесет месеци HBO GO забава, додека за моделите од 65 инчи се предвидени ваучери со траење од девет месеци, односно, шест месеци доколку корисникот се определи за модел со дијагонала од 55 инчи.

Покрај врвната Samsung UHD технологија, корисниците ќе имаат прилика да уживаат во повеќе од 300 серии, 850 филмови и мноштво на цртани филмови и премиери, помеѓу кои се и најновите HBO хит серии како што се Raised by wolves, Lovecraft Country и The Third Day.

За употреба на подарениот ваучер потребно е да ја регистрирате вашата купувачка во рок од 14 дена од датумот на издавање на сметката, а по активацијата на ваучерот, на корисникот му преостанува да ужива во богатиот избор на серии и филмови достапни на HBO GO сервисот. 

Samsung UHD телевизорите доаѓаат во 4K UHD резолуција, која се карактеризира со четири пати повеќе пиксели од застапената резолуција кај стандардните FHD телевизори, со што се гарантира појасна и поостра слика, но и посебно искуство во гледање кое на корисникот му дава чувство на учество во секоја сцена. Благодарение на HDR опцијата импресивната палета на бои е присутна и во темни сцени. 

Samsung UHD телевизорите се збогатени и со нови можности за поврзување, со подобрени Smart Screen функционалности на база на вештачка интелигенција, како што е и Adaptive Picture функцијата за уште понапреден и попаметен квалитет на сликата. Поврзувањето на паметните телефони со телевизорот е дополнително поедноставено со Tap View опцијата со која доволно е да ги потпрете овие два уреди еден до друг. Освен тоа, Multi-View режимот на подразбира прикажување на содржината од мобилниот уред во еден дел од телевизискиот екран, оставајќи можност за истовремено следење на содржина од повеќе различни извори.

За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/uhd-hbo-go-promo/ .

Автор: Aleksandar Stankov