Нокиа во соработка со НАСА ќе гради комуникациски систем на Месечината

Објавено на 20.10.2020 во Новости



Нокиа во соработка со НАСА ќе гради комуникациски систем на Месечината

НАСА ја одбра Нокиа за партнер при воспоставувањето на комуникациски систем на Месечината. Тоа е еден од условите што мора да се исполни за човечкото присуство на Земјиниот сателит, објави финската компанија во понеделникот.

Нокиа има договор со НАСА за изградба на првиот 4Г комуникациски систем во вселената до 2022 година. Тоа значи дека ова е првиот чекор за создавање услови за одржливо човечко присуство на Месечината. НАСА има мисија да ги прати луѓето на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочно човечко присуство и населби, како дел од големата програма Артемис.





Прочитајте повеќе: