Redmi работи на мини модел како опонент на iPhone 12 mini

Објавено на 20.10.2020 во Новости



Redmi работи на мини модел како опонент на iPhone 12 mini

iPhone 12 mini е компактен 5G телефон со помали димензии и добри перформансии. A14 Bionic чипот со iPhone 12 дизајн би можело да биде добитна комбинација за Apple. Генералниот менаџер на Redmi во Кина, Лу Веибинг, објавил на Weibo нов Redmi телефон како противник на iPhone 12 mini. 

Redmi сака да произведува мини, но животниот век на батеријата ќе се жртвува за тоа...”, напишал Веибинг. Ова не мора да значи дека кинеската компанија ќе лансира мини модел, туку дека размислува како да лансира компактен смартфон на пазарот.