Motorola прави смартфон со батерија од 6000 mAh

Објавено на 20.10.2020 во Новости



Motorola прави смартфон со батерија од 6000 mAh

Motorola наскоро ќе лансира нов смартфон кој ќе има батерија со мега капацитет од 6000 mAh што ќе биде доволно за дводневна активна работа со едно полнење.

Смартфонот ќе биде заеднички проект на Motorola и Lenovo, но се уште нема информации како ќе гласи неговото име.

Се очекува да има прилично голем екран до 7 инчи, поддршка за 5G мобилна мрежа и најмалку три главни камери на задната страна. Батеријата ќе има брзо полнење со капацитет од 20W.

Автор: Aleksandar Stankov