САД ја подигнува најголемата тужба против Google во последните 20 години

Објавено на 21.10.2020 во Новости



САД ја подигнува најголемата тужба против Google во последните 20 години

Американското министерство за правда и 11 сојузни држави подигнале тужба против Google поради наводно кршење на законот за пазарното натпреварување и користење на повластена положба за уништување на конкуренцијата.

Тоа е најголемата тужба во последните 20 години, а експертите ја споредуваат со некои од легендарните тужби како оние против Microsoft од 1998 година и AT&T од 1974 година. Се спремаат помали тужби од сојузните држави, кои се однесуваат на дигиталното рекламирање - златната кокошка на Google. Се очекуваат група тужители да подигнат обвинение против начинот на кој Google заработува од дигиталното рекламирање. Google досега не ја коментира тужбата.

Автор: Aleksandar Stankov