Apple AirTags ќе бидат лансирани наскоро во две големини

Објавено на 21.10.2020 во Новости



Apple AirTags ќе бидат лансирани наскоро во две големини

Apple има уште презентации за 2020 година, а AirTags е еден од нив кој би можел да излезе уште од следниот месец. Од L0veToDream протече информација дека AirTags излегува во две големини, помал и поголем. 

Аналитичарите сметаат дека малите AirTags ќе бидат дизајнирани за паричници и клучеви, додека поголемите ќе бидат за во ранец. Ознаките за следење на AirTags се очекува да личат на мали гумени дискови и ќе пристигнат заедно со држач за кожа и приврзок дизајниран од Apple. Тие работат со U1 Ultra Wideband (широк опсег) на чип и ќе овозможи попрецизно следење на нештата, отколку традиционалните Bluetooth тракери.

Во моментов нема конкретни информации за цените, но официјалното претставување би можело да се случи следниот месец. Следниот прес се очекува да се случи во вторник, на 17 ноември.





Прочитајте повеќе: