Телевизорот на LG кој се витка во ролна чини колку скап автомобил

Објавено на 21.10.2020 во Новости



Телевизорот на LG кој се витка во ролна чини колку скап автомобил

Разбирливо е за нов телевизор да издвоите и повисока сума на пари особено ако има 8K HD резолуција и квалитетна слика и аудио како и голема површина, но зарем некој би дал пари за телевизор кој вреди како автомобил од високата или речиси луксузната класа.

Новиот LG Signature OLED R се продава за "безобразна" сума од неверојатни 87.000 долари. LG signature OLED R има дисплеј кој може целосно да се спакува во металната конструкција. Притоа има вградени шест звучници со моќност од 100w.

Уредот може да се постави на две големини од кои максималната има 64 инчи. Кога е целосно собран може да се поврзе со смарт Bluetooth звучник и да користи како музички плеер (прилично скап музички плеер).

LG за телевизорот ролат нуди тригодишна гаранција и две инспекции годишно од страна на Рим техничари кои помагаат за инсталација и потоа проверка на било какви технички проблеми и дефекти.