Нова мерка - Викенд без претплата на Netflix

Објавено на 22.10.2020 во Новости



Нова мерка - Викенд без претплата на Netflix

Netflix по успехот кој го постигна за време на карантинот и зголемениот број на активни корисници и нови претплатници, сега се соочува со мала стангација на растот. Затоа од компанијата најавуваат неколку мерки за зголемување на популарноста.

Една од нив ќе биде викенд без претплата на Netflix, како обид платформата за стриминг на филмови и серии да им се доближи на корисниците кои досега немаат профил, па во тие неколку денови на бесплатно користење да се уверат во предностите на сервисот.

Вакви акции на викенди без претплата на Netflix ќе се спроведат во наредниот период во земјите каде пазарите се развиваат.