Произлегоа првите детали за екранот на Samsung Galaxy S21

Објавено на 22.10.2020 во Новости



Произлегоа првите детали за екранот на Samsung Galaxy S21

Сезоната за шпекулации и нови детали за Samsung Galaxy S21 оваа година почнува многу порано, бидејќи самиот смартфон ќе биде претставен некаде во јануари 2021, па така нешто порано произлегуваат и нови информации за неговите компоненти.

Овој пат „ликстерите“ откриваат дека Samsung Galaxy S21 ќе има два вида на екрани. Рамната површина на Infinity дисплејот со OLED технологија ќе биде резервирана за моделите Samsung Galaxy S21 и Samsung Galaxy S21 Plus.

За моделот Samsung Galaxy S21 Ultra се предвидува заоблен екран со симетрични заоблени рабови од сите страни и максимална искористеност на предната површина исто така од Infinity шемата со OLED панел, но без внатрешна вградена селфи камера туку истата ќе биде поставена во минимален дел од горната страна на смартфонот.