Facebook Dating сега достапен и за европски пазар

Објавено на 22.10.2020 во Новости



Facebook Dating сега достапен и за европски пазар

Facebook ја лансираше пред две години Dating функцијата, односно мрежата во мрежата, за пронаоѓање на љубовен партнер. Многумина беа разочарани оти услугата не беше достапна во Европа. 

Причината за тоа е што Европа е специфичен пазар со многу земји и различни јазици, а дел и поради GDPR законот. Тоа е сега минато, а Facebook Dating е конечно достапен за европски пазар. Facebook соопшти дека Dating е смислен со цел да им помогне на луѓето во потрага по смислени и длабоки врски, што се базираат на нештата што им се заеднички, полиња на интерес, настани или групи.
 

Автор: Aleksandar Stankov