Конечно збогум за Play Music, добредојде за YouTube Music
Објавено на 22.10.2020 во Новости
Корисниците повеќе нема да може да ја активираат стандардната апликација Google Play Music бидејќи таа целосно се гаси, а нејзина замена ќе биде форсирањето на YouTube Music.
Ако претходно сте симнувале и плаќале песни и содржини преку Play Music ќе треба истите да ги симнете и потоа да ги префрлите во библиотеката на YouTube Music.
Со новата верзија на YouTube Music ќе може да ги слушате и останатите песни кои ви се префрлени во самиот мобилен уред па така оваа апликација ќе ја преземе и улогата на музички плеер.
YouTube Music е бесплатна за користење, но зада не ви се вклучуваат реклами и да имате неограничен пристап ќе треба да платите околу 5 евра месечно.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.