Huawei ги лансираше Petal Search, Petal Maps и HUAWEI Docs

Објавено на 22.10.2020 во Новости



Huawei ги лансираше Petal Search, Petal Maps и HUAWEI Docs

Во рамките на глобалната премиера на HUAWEI Mate 40 серијата, Huawei ги објави новите достигнувања во Huawei Mobile Services екосистемот, односно Petal Search, Petal Maps, HUAWEI Docs, збогатувајќи го дигиталното искуство на глобалните корисници на Huawei.

Интеграцијата на хардверот и софтверот го подобрува искуството на дигиталниот животен стил

Официјалната апликација за пребарување на Huawei, Petal Search, сега е достапна во над 170 земји и региони и поддржува над 50 јазици, овозможувајќи им на корисниците практично и веднаш да ги дознаат потребните информации и услуги.

Petal Search нуди можности за пребарување во повеќе од 20 категории, вклучувајќи апликации, новости, видеа, слики, шопинг, летови и локални бизниси. Исто така, развива и интегрира различни алатки, како што се време, калкулатор, курсни листи, за да му помогне на корисникот лесно да добие информации кои ги користи секојдневно. Со новото ажурирање, искуството со пребарување сега е визуелно побогато. Резултатите од пребарувањето се претставени како информативни картички, за разлика од едноставните веб-линкови, за да им помогне на корисниците да ги добијат корисните информации со само неколку клика.

Искористувајќи ги способностите на AI на Huawei уредите, Petal Search им овозможува на корисниците да пребаруваат преку слики со неговата функција за визуелно пребарување. Препознава широк спектар на предмети како што се луѓе, животни и пејзажи и воведува нови можности како идентификување на растенија. На пример, корисникот може да фотографира оброк и Petal Search ќе го обезбеди рецептот. Функција за гласовно пребарување е исто така интегрирана во апликацијата, поддржувајќи јазици како англиски, шпански, француски, арапски и многу повеќе.

Овие карактеристики му помагаат на Petal Search да ги задоволи потребите на корисниците навикнати на ефикасен и дигитален начин на живот.

Покрај тоа, во соработка со глобални и локални партнери, Petal Search енергично развива услуги за локални пребарувања, за да им обезбеди на корисниците богато искуство базирано на локацијата каде се наоѓа. Кога корисникот бара локална содржина, Petal Search нуди квалитетни и популарни локални информации, како што се персонализирани препораки или храна во близина, што вреди да се посети и најнови попусти.

Petal Maps, пак, е квалитетна и лесна алатка за мапирање и навигација на Huawei, која нуди услуги како што се позиционирање, извонредни прикази на мапи, пребарувања на места, навигација за возење и списоци со омилени места на корисниците во над 140 земји и региони. Petal Maps поддржува прикази на мапи на различни јазици, со говорни известувања на англиски, француски, шпански, германски, италијански и мандарински.

Petal Maps е исто така опремена со врвни функции за да овозможи ажурирања за транзит во реално време во големи градови, помагајќи им на патниците подобро да ги испланираат своите правци. Користејќи ги пионерските технологии како што се Super GNSS и алгоритмите за препознавање на слики, Petal Maps дополнително ја зголемува прецизноста и им ги презентира на корисниците најефикасните рути.

Благодарение на Gesture Control на HUAWEI Mate 40 серијата, возачите можат да се префрлат од прегледот на навигацијата до мапата со едноставно користење на Air press на екранот со дланките. Овие паметни интеракции значително ја зголемуваат леснотијата при патување, како и безбедноста при возење.

Huawei Docs, достапен на HUAWEI Mate 40 серијата и во повеќе од 100 земји и региони, поддржува прегледување и уредување документи на преку 50 формати, вклучувајќи PDF, PPT и DOC. Со овозможено синхронизирање на Cloud, HUAWEI Docs им овозможува на корисниците непречено работење на истиот документ на различни уреди најавени на истиот HUAWEI ID.

Целосен пакет на апликации на Huawei Mobile Services за надополнување на дигиталното живеење

Надградбата на Find Device им овозможува на корисниците да ги лоцираат своите Huawei уреди – паметни телефони, часовници, слушалки и очила. Корисниците можат да го користат рингтонот за пронаоѓање на уредот или да ги заклучат и избришат информациите, заштитувајќи ја својата приватност.

HUAWEI Themes воведе ексклузивни пакети за да овозможи подобро персонализирање на уредот. Првиот пакет вклучува теми од познати уметници, класична литература и Ingenuity series на Huawei.

Поддржан од 2 милиони глобални развивачи, Huawei Mobile Services екосистемот бележи брз раст. Како една од најдобрите 3 платформи за апликации на глобално ниво, AppGallery продолжува да ги обединува популарните глобални и локални апликации на над 500 милиони активни корисници месечно. HUAWEI Quick App, исто така, бележи 260% зголемување на месечните активни корисници.