Најмоќните перформанси доагаат со HUAWEI Mate 40

Објавено на 22.10.2020 во Новости



Најмоќните перформанси доагаат со HUAWEI Mate 40

Huawei денес ја засили својата линија на производи со напредната серија HUAWEI Mate 40.

Последните години, бевме сведоци на 10 извонредни Mate уреди со моќни перформанси до уникатна корисничка интеракција, сè според идејата за најдобро искуство со паметен телефон. HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ се базираат на првиот и единствен 5-нанометарски 5G SoC, Ultra-Vision cine камера, Space Ring дизајн и попаметно и поинтуитивно дигитално искуство.

Ричард Ју, извршен директор на Huawei, изјави од сцената: “Секоја година, серијата Mate ги собира највисоките технолошки достигнувања во неверојатен уред. Ова е суштината на Mate и тоа го овозможуваме со нашата посветеност кон иновациите. Во овие непредвидливи времиња, нашиот фокус останува на создавање подобра иднина, со иновативни технологии кои имаат позитивно и значајно влијание врз животот на потрошувачите. ”

Во презентацијата беше претставен и Kirin 9000, целосно опремен со 5G, способен за интензивни пресметки и мултитаскинг, што ги изведува со леснотија. Имплементиран во HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+, Kirin 9000 е најсофистицираниот 5nm 5G SoC процесор.

Тука се и функциите како што се Super Bass стерео звучници, отклучување со употреба на 3Д технологија за препознавање лице, како и сензор за отпечатоци интегриран во екранот.

Основната верзија има 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање.

Кога станува збор за моделот Mate 40 Pro +, тој доаѓа со 10x перископски зум, 3х телефото камера со  резолуција од 12MP, како и ToF сензор. Исто така, има IP68 рејтинг на водоотпорност, како и 12 GB RAM меморија.

На македонскиот пазар, Mate 40 Pro се очекува во декември.