Светскиот економски форум прогнозира дека половина од работните места ќе ги држат роботи

Објавено на 24.10.2020 во Новости



Светскиот економски форум прогнозира дека половина од работните места ќе ги држат роботи

На Светскиот економски форум се предвидува дека машините ќе заменат многу работни места, односно исто толку, колку што ќе создадат. Што значи тоа? Половина од работните места во светот, до 2025 година, ќе ги држат машини. 

Со роботската револуција ќе има 97 милиони нови работни места глобално, но ќе се укинат исто толку работни места и се очекува зголемување на нееднаквоста и дигиталната поделба. Спроведено е истражување во 300-те најдобри светски компании, при што над 50% од работодавците очекуваат автоматизацијата на одредени позиции во нивните компании да се забрза во следните години, а 43% од нив ќе мора да кратат работни места поради новата технологија.