Објавени слики за идниот LG Q52 модел

Објавено на 25.10.2020 во Новости



Објавени слики за идниот LG Q52 модел

LG веќе претходно го презентираше Q51 моделот, а наскоро излегува и наследникот LG Q52. Пред премиерата на LG Q52 излегоа спецификациите за новиот телефон, за кого пишува дека ќе има punch-hole дисплеј, четири задни камери и 3,5мм аудио џек.

LCD-дисплеј со големина од 6,6-инчи, HD+ резолуција, димензии од 164 x 76,7 x 84,8мм и 188 грами тежина. Сензорот за отпечатоци се наоѓа странично, а има и Face Unlock. LG Q52 има MediaTek Helio P35 процесор, 4GB RAM + 64GB ROM меморија и Аndroid 10 софтвер.

13MP е селфи камерата и задна главна камера од 48MP, широкоаголна камера од 5MP, сензор за длабочина од 2MP и макро камера од 2MP. Батеријата има капацитет од 4.000mAh. Ќе го има во свилено-црвена и свилено-бела боја.