Huawei прави Flip смартфон на преклоп

Објавено на 25.10.2020 во Новости



Huawei прави Flip смартфон на преклоп

Huawei прави Flip смартфон на преклоп со двоен екран кој според скиците ќе биде конкурент на моделите кои веќе ги лансираа Motorola и Samsung.

Flip моделот на преклоп на Huawei ќе има поголема површина на екранот од надворешната страна додека смартфонот е преклопен па така овој дел ќе служи за многу повеќе работи отколку само приказ на времето и нотификации.

Huawei Flip ќе има споен екран без никакви засеци и дупчиња бидејќи двојната селфи камера ќе биде поставена од надворешна страна исто како и задната главна камера.