Google Maps со подобрена навигација за велосипедисти

Објавено на 25.10.2020 во Новости



Google Maps со подобрена навигација за велосипедисти

Google Maps ги послуша барањата на корисниците, особено на тие кои во време на пандемија со КОВИД-19 го користат велосипедот како основно превозно средство и ги избегнуваат автобусите и таксито.

Побарувачката за навигација за безбедни велосипедски патеки и зони каде е изводливо возење на велосипед е порасната за речиси 70%.

Затоа Google Maps значително ја подобри навигацијата во соработка со самите корисници, со достапните бази на податоци и со општините.