Ford Mondeo во иднина достапен исклучиво хибриден модел

Објавено на 26.10.2020 во Новости



Ford Mondeo во иднина достапен исклучиво хибриден модел

Ford официјално соопшти дека бензинецот Mondeo отсега ќе се трансформира само како хибриден погонски систем. Се разбира, Mondeo Hybrid овозможува возење во еко режим, благодарение на електричниот мотор и литиум-јонската батерија со капацитет од 1,4 kWh. 

Дволитарски бензински мотор со внатрешно согорување ќе има во секој случај, со цел да ја дополнува инсталацијата. Системот за регенерација на енергијата на сопирачките е клучен фактор во новиот систем на Mondeo. Од Ford велат дека расте интересот за хибридната верзија на Mondeo кај потрошувачите, при што годинава присуството на овој модел е зголемено за 25% во споредба со истиот период лани.

Автор: Aleksandar Stankov