Најсовремениот Apple iPad Air (2020) досега

Објавено на 26.10.2020 во Новости



Најсовремениот Apple iPad Air (2020) досега

Покрај лансирањето на 5G iPhone моделите - iPhone 12 и iPhone 12 Pro, Apple ја објави и четвртата генерација на iPad Air. Сите три уреди се опремени со 5нм A14 Bionic чипсет со 11.8 милијарда транзистори, во споредба со 8.5 милијарда транзистори кај 7нм A13 Bionic процесор. 

Таблетот располага со 10.9-инчен LCD дисплеј со резолуција од 2360 x 1640, 64GB т.е. 256GB меморија и 12MP задна камера со 7MP предна FaceTime камера. Батеријата има Wi-Fi со 10 часа сурфање или видео стриминг додека Cellular + Wi-Fi варијантата овозможува до 9 часа долготрајност на батеријата за истите задачи. Со цел да ги отстрани рамките, Apple го отстранил Touch ID/home копчето и интегрирал сензор за отпечатоци со копчето за вклучување во горниот десен агол од панелот.

iPad Air (2020) е достапен во Space Gray, Silver, Rose Gold, Green, и Sky Blue боја. 64GB моделот е $599, а 256GB моделот - $749. Уредот е компатибилен со Magic Keyboard и втората генерација на Apple Pencil аксесоарите. Од горната страна ја имате и првата телевизиска реклама што Apple ја објави.