Каква селфи камера ќе има Samsung Galaxy S21?

Објавено на 26.10.2020 во Новости



Каква селфи камера ќе има Samsung Galaxy S21?

Мобилните брендови водат мртва трка за тоа кој ќе има подобра камера во премиум моделите на смартфони секоја година, а таков исчекор се очекува повторно да направи Samsung на почетокот на 2021 со Galaxy S21.

Според најновите информации од добавувачи блиски на корејскиот бренд, овој пат за Galaxy S21 се подготвува најквалитетна 40 мегапикселна селфи камера поставена на предната страна со што ќе се срушат повеќе досегашни рекордни. 

Samsung Galaxy S21 Ultra како најмоќен смартфон од следната генерација ќе поседува и доста моќен 5nm Snapdragon 875 процесор со осум јадра, кој ќе има посебен дел за обработка на слика и алатки за вештачка интелигенција за добивање на најдобри резултати од сцената. 

Автор: Aleksandar Stankov