iPhone 12 Pro 5G демонстрира филмски ефекти за ниска цена

Објавено на 27.10.2020 во Новости



iPhone 12 Pro 5G демонстрира филмски ефекти за ниска цена

Apple објави нова реклама за iPhone 12 Pro - "Make movies like the movies." (Правете филмови, како филмовите). На видеото може да се види како аматерските филмаџии користат iPhone 12 Pro за да снимаат филм.

iPhone се смета дека е еден од најдобрите уреди за снимање на видео. Најновата Pro-линија на Apple е единственото нешто што може да „снима, едитира и игра во Dolby Vision“. Филмаџиите моментално се соочуваат со финансиски проблеми поради кризата, па затоа iPhone 12 Pro и следниот iPhone 12 Pro Max се тука за нив со нивните ултра=широки и телефото камери. HDR видеа може да снимате со Dolby Vision до 60fps, 4K видео да снимате со 24 fps, 30 fps, или 60 fps, и Audio zoom. Со 4K снимањето може да фотографирате и слики од 8MP.