Samsung Galaxy Fold добива софтверска надградба - алатки од Galaxy Z Fold2

Објавено на 28.10.2020 во Новости



Samsung Galaxy Fold добива софтверска надградба - алатки од Galaxy Z Fold2

Samsung потврди дека излегува софтверска надградба за САД за Galaxy Fold. Новото е тоа што преку App Pair сега ќе може да лансирате три апликации истовремено во својот split-screen режим. 

Ќе може да пристапите кон App Pair преку Edge Panel, кој ги комбинира Multi-Window Tray со Edge Panel за подобрено корисничко искуство. Multi-Active Window сега ќе може да биде хоризонтално, со што овозможува поголема флексибилност за оние што често имаат потреба од мултитаскинг. 

Galaxy Fold корисниците сега ќе може безжично или wireless да се конектираат на SmartTV преку Samsung DeX иконката на брзиот панел. Кога уредите ќе ги поврзете, ќе можете да правите промени на секундарниот екран како што сакате, со помош на screen zoom и font size. Другите нови алатки се Auto framing, Capture View Mode, Dual Preview, и Rear Cam Selfie. Со новата надградба ќе имате и опција за директно споделување на лозинката на Wi-Fi ако сте конектирани на Galaxy уреди околу вас, а ќе може да ја проверите и брзината на интернетите околу вас: многу брзо, брзо, нормално или бавно.