Можно ли е Samsung да го исфрли полначот како Apple

Објавено на 28.10.2020 во Новости



Можно ли е Samsung да го исфрли полначот како Apple

Гласините велат дека Samsung ќе го исфрли полначот од пакувањето што досега секогаш одеше во комплет со смартфон. iPhone беше првиот смартфон бренд во светот што го исфрли полначот, за што доби многу критики. 

Аналитичарите предвидуваат одлична продажба на телефоните од компанијата од Купертин, кои имаат и поддршка за 5G. iPhone ќе остане запамтен како првиот смартфон без полнач и без слушалки. Компанијата се оправда дека тоа го направила со цел да ја зачува околината. Дали и Samsung ќе го направи, останува да видиме во иднина. 





Прочитајте повеќе: