Facebook го претстави стриминг сервисот за видео игри

Објавено на 28.10.2020 во Игри



Facebook го претстави стриминг сервисот за видео игри

Уште сега станува јасно дека најголемиот тренд дека моќта во иднина ќе биде во гејминг индустријата и стримингот особено. Кога ќе ги комбинирате овие две гранки, добивате добитна комбинација. Microsoft и Google досега вложија многу за да им овозможат на своите корисници уживање во видео игрите, независно од хардверот.

Наместо скап компјутер или конзола, за играње на игри со помош на таквите сервиси ќе ви треба само уред поврзан со интернет и претплата. Марк Цукерберг сега трие раце и за овој бизнис, па така најави дека Facebook планира да креира свој гејмерски стриминг сервис - Facebook Gaming.

Наместо претплата, нивниот сервис ќе биде бесплатен и достапен преку веб апликацијата на Facebook и апликацијата на Android, додека поради познатите проблеми со Apple и iOS, моментално нема да биде достапен на iPhone и iPad. Значи, во споредба со останатите сервиси, Facebook нема да наплатува пристап за своите игри.