Apple сака да го купи најновиот Џејмс Бонд за $400 милиони, а MGM сака двојно повеќе

Објавено на 28.10.2020 во Новости



Apple сака да го купи најновиот Џејмс Бонд за $400 милиони, а MGM сака двојно повеќе

Најновиот филм Џејмс Бонд „No Time to Die“ требаше да биде објавен во април пред да биде повторно одложен за ноември. Повторно е вратен за април 2021 година, но новиот извештај открива дека Apple сакал да ги откупи правата. Apple го проценил филмот со Бонд за $400 милиони, но MGM сакал двојно повеќе.

MGM сакал да ги продаде правата на Netflix и Apple за Џејмс Бонд, но само Apple бил заинтересиран доволно за да фрли некоја цифра. Компанијата на Стив Џобс понудила од $350 до $400 милиони за 12-месеци лиценца за Apple TV+. MGM барал $650 - $700 милиони минимум за авторски права за цел свет, а некои велат дека била спомната и цифрата од $800 милиони. 

Причината за високата цифра што ја бара MGM е што No Time to Die чини $250 милиони за да се направи и уште $50 милиони за маркетинг. Дополнително, треба да се плати данокот за лиценцирање на United Artists и Universal Pictures, додека потпишаните зделки за бонус со ѕвездите Даниел Крег и Рами Малек, чинат дополнително исто така.

MGM ја спомнал дури и цифрата од 1 милијарда долари, но со оглед на тоа што сега има криза предизвикана од пандемијата COVID-19, се е знак на прашалник.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: