Применета новата 5G технологија

Објавено на 28.10.2020 во Новости



Применета новата 5G технологија

Huawei денес на македонските медиуми им ја претстави својата 5G програма во изложбената галерија Galileo на Huawei онлајн. 

Новата 5G мрежа ќе биде 100 пати побрза од 4G мрежата, и преку неа ќе може да сименете филм за неколку секунди. Во Галеријата имавме можност да тестираме мрежата со 4G и 5G телефон.

Како што може да видите на сликата разликата е огромна.

Исто така доколку се сеќавате на комбињата со големи антени, кои служеа за пренос во живо на некои големи (спортски) настани, истите ќе можат да се заменат со еден чип како на сликата подоле, што ќе биде вграден во самата камера, и камерманот ќе може дирекно со помош на 5G мрежата да го пренесуава самиот настан.

5G мрежата веке се користи од 180 милиони корисници, а голема примена во Кина најде за време на пандемијата во градот Вухан, каде доктори на оддалеченост ги лекуваа Ковид заразаните граѓани на Кина. Оваа технологија нема никакви доцнења, па била искористена и при операција на мозок на далечина во Кина.

Се надеваме дека наскоро оваа технологија ќе се имплементира и кај нас.