Смарт часовникот на OnePlus остана без време
Објавено на 28.10.2020 во Новости
OnePlus требаше да го обезбеди врвното трио на смарт уреди оваа година и покрај смартфоните и безжичните слушалки да лансира и сопствен прв смарт часовник.
Сепак, и покрај напорите за развој на OnePlus Watch кои датираат уште од пред пет години, брендот и натаму е принуден да го одложи лансирањето на смарт часовникот на неодредено време.
Според новите информации станува збор за проблеми со развојот на софтверот на OnePlus Watch па така и неговиот пласман за оваа празнична сезона е доведен во прашање.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.