Samsung Galaxy Watch Active 2 ќе ви дава гласовни совети за вежби
Објавено на 29.10.2020 во Новости
Samsung Mobile лансира нова софтверска надградба со која ќе овозможи Voice Support и за претходниот модел Samsung Galaxy Watch Active 2 откако оваа функција беше претставена со новиот модел на смарт часовник.
Со Voice Support корисниците на Samsung Galaxy Watch Active 2 ќе добиваат гласовни совети додека вежбаат.
Смарт часовникот ги следи сите активности додека имате вежби и со поставените параметри ќе ви дава насоки дали да продолжите и со кое темпо.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.