САД попушта - Huawei ќе може да купува американски чипови, ама...

Објавено на 30.10.2020 во Новости



САД попушта - Huawei ќе може да купува американски чипови, ама...

После 2 ипол години блокада, Huawei конечно може да здивне за односите со САД. Financial Times известува дека САД ќе им дозволу на поголемиот број на американски компании да им продаваат чипови на Huawei. 

Меѓутоа, постојат и ограничувања - компонентите и чиповите не смеат да се користат за 5G технологијата на Huawei. Компаниите треба да поднесат молба за соработка со Huawei и притоа треба да докажат дека нивните производи не поддржуваат 5G технологија, по што дозволата треба да им биде одобрена. Ова се уште се неофицијални информации, доколку ова е точно, значи дека американската администрација ќе ја спаси работата на Huawei со мобилните телефони.

Автор: Aleksandar Stankov