iPhone 13 ќе има 1 TB меморија, што е причината?

Објавено на 30.10.2020 во Новости



iPhone 13 ќе има 1 TB меморија, што е причината?

Apple следната година ќе треба да понуди повеќе иновации во хардверот за да го одржи темпото кое го наметнаа конкурентите од Аndroid сегментот, особено Galaxy S20 со можност за снимање на 8K HD видеа со 30fps.

Затоа типстерите откриваат дека Apple планира да лансира iPhone 13 модел со рекордна 1 TB меморија или двојно повеќе од максималниот капацитет на iPhone 12 од 512 GB ROM.

iPhone 13 би можел да воведе камера која ќе снима со 8K HD резолуција со 45FPS и овие видеа би одземале огромен простор од меморијата, па така 1 TB ќе биде одличено решение. 





Прочитајте повеќе: