Samsung спрема нешто тотално ново во светот на смартфоните

Објавено на 31.10.2020 во Новости



Samsung спрема нешто тотално ново во светот на смартфоните

Samsung покажа со своите флексибилни смартфони во која насока би се движел дизајнот на смартфоните во иднина. После првиот Galaxy Fold, Z Flip и Z Fold 2 покажаа дека Samsung може да ги послуша своите корисници и дека има уште простор за подобрување.

LetsGoDigital тврди дека Samsung размислува за тотално нов облик на флексибилен телефон, кој би се превиткувал на три дела. Посебен додаток би имал тастатура на извлекување, која би требало да ја олесни сериозната работа на уредот.

Автор: Aleksandar Stankov