Бугарија го потпиша договорот - се откажа од опремата на Хуавеи

Објавено на 02.11.2020 во Новости



Бугарија го потпиша договорот - се откажа од опремата на Хуавеи

Софија се приклучи на другите балкански земји со тоа што го потпиша безбедносниот договор со САД, како дел од американската кампања да го исклучи Хуавеи од мрежата на глобално ниво. Вашингтон се изјасни дека Хуавеи претставува закана за нивната национална безбедност, затоа што ја злоупотребува својата 5Г опрема за шпионажа.

Пекинг официјално изјави дека ова е пропаганда на САД, која нема врска со реалноста. Бугарија ја потпиша декларацијата за „Чиста мрежа“, која веќе беше потпишана од нашата земја, Македонија, Косово, Словенија, и Словачка. Останатите земји што се приклучија кон ова се: Романија, Грција, Чешка, Полска, Шведска, Естонија, Данска и Латвија, Италија и Велика Британија. Наскоро се очекува да потпишат и Германија,Франција Холандија, Швајцарија, Шпанија и Португалија.