Facebook целосно потемнува и на iPhone

Објавено на 02.11.2020 во Новости



Facebook целосно потемнува и на iPhone

Facebook наскоро ќе ја потемни и верзијата на мобилната апликација за корисниците на iPhone со што ќе го заокружи Dark Mode изборот на менито на сите платформи.

Сега во тек е јавно тестирање на Dark Mode за iOs што значи дека одреден дел од корисниците веќе ја имаат опцијата за употреба на темното мени на Facebook на нивниот iPhone смартфон.

Предноста на ваквиот приказ на менито особено ќе дојде до израз кај сите iPhone модели со OLED екран бидејќи тие пиксели кои ја покажуваат црната боја не се активираат и на тој начин помалку ја трошат батеријата.