Apple има ново тајно копче што вешто го сокрива од вас

Објавено на 03.11.2020 во iOs



Apple има ново тајно копче што вешто го сокрива од вас

Со пуштањето на новиот оперативен систем iOS 14, уредите на Apple добија нова функционалност во облик на гестот Back Tap. Станува збор за нова можност за да се управуваат одредени функции на iPhone со лесно допирање на прстот од задната страна на телефонот.

Back Tap ја претвара вкупната позадина на iPhone во едно големо осетливо копче, кое можете со прстот да тапнете два пати или трипати по ред со цел да стартувате одредени функции на мобилниот телефон. Поставките за Back Tap се наоѓаат во изборникот со пристапност Accessibility. 

Основната цел на Back Tap е да им се даде повеќе интерактивност на корисниците со уредот. Back Tap е поврзан и со апликацијата Shortcuts, што всушност значи дека со новото копче може да направите се што ќе ви падне на памет.