Бенчмарк резултати: Kirin 9000 има подобра графика од Snapdragon 875

Објавено на 03.11.2020 во Новости



Бенчмарк резултати: Kirin 9000 има подобра графика од Snapdragon 875

Првиот 5нм чипсет на Qualcomm, Snapdragon 875, имал 333,269 на тестирањето, а во спротивно, Kirin 9000 на Huawei Mate 40 Pro имал 275,862 поени. Ова е разбирливо со оглед на тоа што Snapdragon 875 има Arm Cortex-X1 CPU како примарно јадро што овозможува за 30% подобри перформанси од Kirin 9000 Cortex-A77.

Претстојниот чип на Qualcomm се очекува со Cortex-A78, што овозможува за 20% подобри перформанси од Cortex-A77. Примарното јадро на Snapdragon 875 е со 2.84GHz, а Snapdragon 875 Plus е веќе во развој и веројатно ќе има повисока фреквенција, исто како што беше случајот со Snapdragon 865 Plus.

Mali G78 GPU на Kirin 9000 е за 10% поефикасен во споредба со претходникот. Следнито чип на Qualcomm ќе има 342,225 поени на GPU тестот, што го позиционира после Kirin 9000 којшто постигнал 344,334 поени. Чипот на Huawei иам Mali G78 GPU, додека Snapdragon 875 се очекува да биде со Adreno 660 GPU. 

Автор: Aleksandar Stankov